Close Menu
Press24
    Најново

    Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен

    12.11.2026 во 15:29

    Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково

    12.11.2026 во 14:59

    Клековски: Вложени над 40 милиони денари во Стоматолошкиот центар, реновирана ординацијата за општа анестезија

    12.11.2026 во 14:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен
    • Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково
    • Клековски: Вложени над 40 милиони денари во Стоматолошкиот центар, реновирана ординацијата за општа анестезија
    • Ристовска Додевски: Од бесплатен оброк за учениците до субвенција од 1.000 денари, уште едно неисполнето ветување на Герасимовски и СДС
    • Жерновски: СДСМ ширел паника само кај Мицкоски и криминалната банда, власта копира рецепти од Србија за Алта банка
    • Татко ми ме тепа, мајка ми долго време психички ме малтретира – Тинејџерка од Скопје ги пријавила родителите во полиција
    • Во продавница во Скопје пронајдено заталкано зрно – вработена го забележала куршумот
    • Влегол во стан и се обидел да украде куфери со пушки и муниција – Полицијата го фатила на лице место
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен

    Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен

    12.11.2026 во 15:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Теренските контроли на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) утврдија сериозни неправилности при користењето на државните субвенции и инвестиции во Охридско-струшкиот Регион. При екс-пост контрола во струшкото село Биџево, инспекторите не пронашле трактор набавен во 2023 година преку Програмата за рурален развој, ниту во дворот на стопанството, ниту на пријавените ниви.

    Според изјавите на присутните, машината била дадена на користење на друго лице, а во Агенцијата пристигнале и писмени дојави дека тракторот е продаден. Од АФПЗРР потсетуваат дека секој корисник има договорна обврска најмалку пет години да ја користи инвестицијата исклучиво за сопственото стопанство, без да ја отстапува или отуѓува.

    Неправилности се откриени и при проверките кај пчеларите. Кај еден корисник, кој пријавил 50 пчелни семејства, на терен не било затекнато ниту едно, а утврдено е дека нема ниту регистарски број на одгледувалиште. Кај друг пчелар, од пријавени 600 пчелни семејства, биле пронајдени само 190 и десет празни сандаци, додека останатите 400 не постоеле, информираше директорката на Агенцијата, Даниела Иротова Лазарева.

    Таа најави дека контролите ќе продолжат континуирано, и пред и по исплатата на средствата, со цел да се спречат злоупотребите.

    „Нема селективност и нема привилегирани. Обврска на Агенцијата е да ги заштити чесните земјоделци и да обезбеди јавните средства да се користат за вистинско земјоделско производство“, истакна директорката, нагласувајќи дека „пријавеното на хартија мора да постои и на терен“.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково

    12.11.2026 во 14:59

    Клековски: Вложени над 40 милиони денари во Стоматолошкиот центар, реновирана ординацијата за општа анестезија

    12.11.2026 во 14:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.