СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Џ.(26) од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи’’ и Ѓ.Џ.(27) од с.Двориште поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи’’ и „несовесно работење во службата“, велат од МВР.
На 24.05.2026 пред угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „HS 2000” со куршуми, како и разновидна полициска опрема, која била сопственост на неговиот брат, второпријавениот Ѓ.Џ.. Додека, при извршен претрес во домот на второпријавениот, биле пронајдени и одземени куршуми различен калибар, кој ги поседувал без соодветно одобрение.
- Кривични пријави за двајца браќа од беровско Двориште: Запленети пиштол, полициска опрема и муниција
- Серија апсења во Скопје
- Манасиевски: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ свесно манипулира и креира хистерија
- Утре ќе нема струја до 16:30 – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
- Прегазен 31-годишен пешак на улица во Тетово
- Со возила им го блокирале патот, па брутално ги претепале – Крвав инцидент кај Гостивар
- Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка
- Димитријевиќ: СДСМ поднесе пријава против Славески за Алта банка, институциите мора да постапат

