Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (13 ноември 2026 година) без напојување со електрична енергија ќе останат корисници во повеќе скопски општини.
Во Општина Илинден, во периодот од 08:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат потрошувачите од потегот на патот кон фармите за Јурумлери и улицата „27“ во Илинден, поради замена на пет столбови на мрежата.
Во Општина Кисела Вода, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има од 08:30 до 16:30 часот за корисниците на улицата „Народни херои“ броеви 19, 21 и 23, основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, како и улицата „Архитект Никола Добровиќ“ броеви 1-2.
Во Општина Гази Баба, потрошувачите во село Стајковци ќе немаат електрична енергија во периодот од 09:00 до 13:00 часот поради поправка на 10-киловолтен далековод и замена на изолатори.
Во Општина Сопиште, без напојување со струја од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците на улицата „22“.

