Close Menu
Press24
    Најново

    Бојковска: Со новиот Кривичен законик се воведува казна затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем

    12.11.2026 во 11:13

    Од утре почнува исплатата на осигурените депозити од Алта банка преку Поштенска штедилница

    12.11.2026 во 11:00

    Филипче најави кривични пријави за Алта банка: „Мицкоски, истото те чека и тебе“

    12.11.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бојковска: Со новиот Кривичен законик се воведува казна затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем
    • Од утре почнува исплатата на осигурените депозити од Алта банка преку Поштенска штедилница
    • Филипче најави кривични пријави за Алта банка: „Мицкоски, истото те чека и тебе“
    • Општина Центар додели еднократна парична помош од 10.000 денари на 243 семејства со новороденче
    • Пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцена за време на концерт во Германија
    • Се трага по 19 бегалци за злосторства врз деца и стари лица – Нова потрага на Европол низ 14 земји
    • Аеродром воведе нови поволности за младите: Пари за успешните ученици и олеснувања за младите што градат прв дом
    • Расте бројот на туристи во Македонија – странските гости од оваа земја се убедливо на прво место
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: Со новиот Кривичен законик се воведува казна затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем

    Бојковска: Со новиот Кривичен законик се воведува казна затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем

    12.11.2026 во 11:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, во вчерашното издание на дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24 истакна дека со Кривичниот законик, којшто е испратен до Европската Комисија, предвидено е воведување на ново кривично дело кое се однесува на загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, по пат на неосновано ширење во јавност на неточни информации, за кое е предвидено и казна затвор, зошто како што вели таа, за секое ширење на неточни и лажни информации на начин на кој се загрозува банкарскиот систем, мора да се сноси и одговорност.

    „Знаете дека го испративме Кривичниот законик до Европската Комисија, но во тој Кривичен законик ќе има еден нов член којшто ќе ги предвидува овие ситуации, ќе се воведе како кривично дело за ситуација настаната, поврзана со банкарскиот сектор и ширење на лажни информации, се вели, загрозување на стабилноста на банкарскиот систем во којшто неосновано во јавноста ќе се шират неточни информации со што ќе се загрози стабилноста на банкарскиот систем. За ова кривично дело ќе се воведе казна затвор бидејќи не можете вие да ширите лажни информации, политички да профитирате, да се обидувате политички да профитирате и за тоа да не сносите одговорност, на овие ситуации ќе им ставиме крај“, рече Бојковска.

    Пратеничката Бојковска се надоврза и ги обзнани одредбите содржани во членот кој се однесува на ова кривично дело, а кое се однесува на: „загрозувањето на стабилноста на банкарскиот систем и со коешто ќе се предвиди казна затвор, доколку тој што со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе се загрози стабилноста на банкарскиот систем“.

    Бојковска смета дека е неодговорно и лицемерно однесувањето на опозициската СДС и нивниот претседател, изминатите денови, со кое однесување ширеа страв, хистерија и паника кај граѓаните во услови кога, како што кажа Бојковска, Народната Банка и Владата се обидуваат да најдат најбрзо решение за преземање на Алта банка од друга банкарска институција, а во насока на заштита на банкарскиот сектор во државата, штедачите и депозитите на граѓаните.

    „Кажете ми дали е одговорно во најмала рака од претседател на најголемата опозициска партија засега, да се шири еден таков страв и да се става една таква сенка на правниот субјект на Алта банка АД Битола, во којшто се истакнати сите биланси на состојба, се она што значи актива на банката, капитални резерви и слично. И морам да ви го покажам ова бидејќи најмногу ми остави впечаток: која е таа банка којашто ќе влезе во Алта банка под истрага и со сомнителни трансфери, значи ова е директен упад од лидерот на опозицијата во којшто директно става сомнеж на правниот субјект во Македонија, во ситуација кога оваа Влада и Народната банка бараат најбрзо решение да ја преземе друга банкарска институција оваа банка, зошто целта ни е да се заштитат граѓаните, тогаш во најмала рака ова е неодговорно и многу лицемерно коешто се случува со ширење на паника и страв. Оставете ја оваа работа да си ја вршат професионалните институции, мислам дека политичките битки треба малку понастрана да бидат“, децидна е Бојковска.

    Прочитај повеќе

    Филипче најави кривични пријави за Алта банка: „Мицкоски, истото те чека и тебе“

    12.11.2026 во 10:43

    Општина Центар додели еднократна парична помош од 10.000 денари на 243 семејства со новороденче

    12.11.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.