Close Menu
Press24
    Најново

    Пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцена за време на концерт во Германија

    12.11.2026 во 10:28

    Се трага по 19 бегалци за злосторства врз деца и стари лица – Нова потрага на Европол низ 14 земји

    12.11.2026 во 10:17

    Аеродром воведе нови поволности за младите: Пари за успешните ученици и олеснувања за младите што градат прв дом

    12.11.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцена за време на концерт во Германија
    • Се трага по 19 бегалци за злосторства врз деца и стари лица – Нова потрага на Европол низ 14 земји
    • Аеродром воведе нови поволности за младите: Пари за успешните ученици и олеснувања за младите што градат прв дом
    • Расте бројот на туристи во Македонија – странските гости од оваа земја се убедливо на прво место
    • Руската вакцина против рак покажува резултати, метастазите се повлекуваат кај првиот пациент
    • Македонија бележи пад на стапката на убиства – Каде се случуваат најмногу убиства во Европа
    • Српското обвинителство му го замрзна имотот на сопственикот на Алта банка, Давор Мацура
    • Расте бројот на загинати во верижниот судир на автопатот „Тракија“: Во болница почина 50-годишен маж
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцена за време на концерт во Германија

    Пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцена за време на концерт во Германија

    12.11.2026 во 10:282 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пејачот на легендарниот хрватски бенд „Прљаво казалиште“, 67-годишниот Младен Бодалец, се струполи на сцената за време на нивниот концерт во Германија.

    Инцидентот се случил во салата „MPH Arena“, додека Бодалец го изведувал познатиот хит „Љубав је тако слепа“. Во еден момент од настапот, тој се стрчал кон работ на бината и скокнал, по што загубил рамнотежа и паднал на сцената.

    Неговите колеги од бендот веднаш притрчале да му помогнат, но штом забележале дека е во добра состојба и дека не станува збор за сериозна повреда, на шега скокнале врз него.

    Бидејќи пејачот престанал да пее во моментот на падот, меѓу присутните во салата настанала кратка загриженост проследена со крици од публиката. Сепак, Бодалец многу брзо продолжил да пее, по што станал и продолжил да се движи по сцената и да комуницира со фановите.

    На социјалните мрежи веднаш следуваа бројни коментари со поддршка за неговата реакција: „Легендо, држи се“, „Само вистински професионалец може да го направи ова“, „Браво, ти си најдобар!“.

    Инаку, Јасенко Хоура и Младен Бодалец од 2022 година повеќе не настапуваат официјално под името „Прљаво казалиште“ поради судска забрана, по што нивниот состав го носи името „Хоура Група“.

    Спорната ситуација настанала откако Хоура започнал самостојни проекти под старото име без согласност од еден од основачите, Тихомир Филеш, по што Трговскиот суд во Загреб донесе привремена мерка со која им се забранува користењето на имињата „Прљаво казалиште“ и „Прљавци“.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Некој го очекува нова љубов, а друг финансиски пресврт

    12.11.2026 во 09:15

    Дневен хороскоп: Нов предизвик за Овенот, романтично изненадување за Вагата

    10.11.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.