Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче најави кривични пријави за Алта банка: „Мицкоски, истото те чека и тебе“

    12.11.2026 во 10:43

    Општина Центар додели еднократна парична помош од 10.000 денари на 243 семејства со новороденче

    12.11.2026 во 10:41

    Пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцена за време на концерт во Германија

    12.11.2026 во 10:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче најави кривични пријави за Алта банка: „Мицкоски, истото те чека и тебе“
    • Општина Центар додели еднократна парична помош од 10.000 денари на 243 семејства со новороденче
    • Пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцена за време на концерт во Германија
    • Се трага по 19 бегалци за злосторства врз деца и стари лица – Нова потрага на Европол низ 14 земји
    • Аеродром воведе нови поволности за младите: Пари за успешните ученици и олеснувања за младите што градат прв дом
    • Расте бројот на туристи во Македонија – странските гости од оваа земја се убедливо на прво место
    • Руската вакцина против рак покажува резултати, метастазите се повлекуваат кај првиот пациент
    • Македонија бележи пад на стапката на убиства – Каде се случуваат најмногу убиства во Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи пад на стапката на убиства – Каде се случуваат најмногу убиства во Европа

    Македонија бележи пад на стапката на убиства – Каде се случуваат најмногу убиства во Европа

    12.11.2026 во 09:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат најновите статистички податоци на Евростат.

    Во споредба со земјите од регионот, највисока стапка на убиства е евидентирана во Црна Гора со 1,92 на 100.000 жители, а по неа следува Бугарија со 1,23. Пониска стапка од земјава имаат Србија со 0,82 и Грција со 0,78 убиства на 100.000 жители.

    На ниво на Европската Унија, на врвот на листата се наоѓаат балтичките земји. Највисока стапка на убиства имала Литванија со 2,63 на 100.000 жители, по која следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82.

    Од друга страна, најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

    Податоците покажуваат и позитивен десетгодишен тренд на намалување. И покрај тоа што има највисока стапка во Унијата, Литванија бележи најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.

    Трендот на намалување во изминатата деценија е присутен и во Македонија, каде што во 2014 година биле регистрирани 1,21 убиство на 100.000 жители, наспроти сегашните 1,10.

    Прочитај повеќе

    Филипче најави кривични пријави за Алта банка: „Мицкоски, истото те чека и тебе“

    12.11.2026 во 10:43

    Општина Центар додели еднократна парична помош од 10.000 денари на 243 семејства со новороденче

    12.11.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.