Close Menu
Press24
    Најново

    Продолжува судењето за „Државна лотарија“

    11.11.2026 во 09:19

    Денеска облачно, бидете подготвени за дожд

    11.11.2026 во 09:09

    Курти до новото раководство во Србија: Признајте ја независноста на Косово

    10.11.2026 во 23:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Продолжува судењето за „Државна лотарија“
    • Денеска облачно, бидете подготвени за дожд
    • Курти до новото раководство во Србија: Признајте ја независноста на Косово
    • На Европа ѝ се брза: Дигитално евро уште следната година
    • ВРЕДИ: Владиното партнерство е стабилно, усвојувањето на предлогот за правосуден е историски исчекор
    • Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен камион е можната причина, возачи застанувале од спроти за да снимаат
    • Мицкоски на манифестацијата „ТОП 100“: Успехот на секоја компанија е успех на целата држава
    • Рубио: Економскиот притисок врз Иран дава резултати, воена акција не е неопходна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за „Државна лотарија“

    Продолжува судењето за „Државна лотарија“

    11.11.2026 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“ во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

    На последното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на 30 октомври сведочеше Андреј Крстевски, советник за имплементирање проекти во АД „Државна лотарија“, кој претходно бил член на Управниот и Надзорниот одбор, како и заменик-директор на претпријатието.  Тој сведочеше за начинот на донесување одлуки во претпријатието и постапката за набавка на ВЛТ-терминалите.

    Сведокот, одговарајќи на прашања на Обвинителството рече дека за идејата бил информиран лично од Бајрами. Кажа и дека за спроведената постапка дознал непосредно по нејзиното завршување од лица што биле членови на комисии задолжени за спроведување на постапките. 

    Четири дена по последното рочиште, Кривичниот совет ја укина мерката притвор за Бајрами и прифати гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро. Покрај гаранцијата, определи му се мерки на претпазливост меѓу кои и одземање на пасошот, како и обврска за редовно јавување во судот.

    Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

    Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски

    Прочитај повеќе

    Денеска облачно, бидете подготвени за дожд

    11.11.2026 во 09:09

    ВРЕДИ: Владиното партнерство е стабилно, усвојувањето на предлогот за правосуден е историски исчекор

    10.11.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.