Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Кој е Мицкоски да ја продава Алта Банка и кој би купил пропадната банка

    10.11.2026 во 11:29

    Петрушевски: „Дали Заев и Филипче стоеле зад перењето 110 милиони евра од Венецуела”

    10.11.2026 во 11:28

    Судење без Ива Михаилова, братот на Дурмиши: „Само немо посматрам што се случува врз името на млад згаснат живот“

    10.11.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Кој е Мицкоски да ја продава Алта Банка и кој би купил пропадната банка
    • Петрушевски: „Дали Заев и Филипче стоеле зад перењето 110 милиони евра од Венецуела”
    • Судење без Ива Михаилова, братот на Дурмиши: „Само немо посматрам што се случува врз името на млад згаснат живот“
    • Дефект остави дел од Скопје без вода – Најнова информација од Водовод
    • Приведен братот на Виктор Орбан во истрага за шверц со луѓе во Унгарија
    • Проверувајте ги сметките: Ќе легнат пари од „Мој ДДВ”
    • Бројката на загинати во Бугарија се зголемува: Деца заглавени во смачкани автомобили, амбулантни возила евакуираат повредени
    • ВИДЕО: Над 10 загинати во две вержини сообраќајки во Бугарија – се удриле преку 50 возила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Кој е Мицкоски да ја продава Алта Банка и кој би купил пропадната банка

    Филипче: Кој е Мицкоски да ја продава Алта Банка и кој би купил пропадната банка

    10.11.2026 во 11:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски треба да одговори во кое својство бара купувачи за Алта банка и дали тој посредувал и при влезот на српската банка во Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    „Го слушам изминатите денови премиерот Христијан Мицкоски како кажува дека нашол купци за Алта банка. Тој нашол купци за Алта банка. Во кое својство? Што е премиерот Мицкоски? Дилер, посредник, пронаоѓач на потенцијални купувачи на банки кај нас?“, праша Филипче.

    Тој побара одговор дали Мицкоски имал улога и во преземањето на поранешната Стопанска банка Битола од страна на српската Алта банка.

    „Кога веќе гувернерот Трајко Славески кажа дека бил информиран за влезот на Алта банка тука кај нас, првата работа којашто се наметнува како прашање после оваа негова изјава е дали тој, исто како што сега наоѓа купци за Алта банка Скопје, бил човекот којшто ја донел Алта банка Србија кај нас“, изјави Филипче.

    Според лидерот на СДСМ, премиерот бил запознаен со случувањата околу влезот на српскиот капитал во македонскиот банкарски сектор, а неговата партија повеќе од една година предупредувала за наводни врски со српската владејачка СНС.

    Филипче го проблематизираше и прашањето кој би бил заинтересиран да ја купи банката, посочувајќи на стечајот на Алта банка во Белград и на информациите за притворот на нејзиниот сопственик.

    „Кој би купил банка за која Славески вели дека уште лани била на стаклени нозе? Така кажува гувернерот. А сега гледаме дека Алта Београд е во стечај, а газдата е во притвор“, рече Филипче.

    Тој изнесе и сериозни обвинувања за потеклото на капиталот, повикувајќи се на медиумски објави од Србија за наводна поврзаност со криминални пари, корупција и шверц на дрога. Филипче тврдеше и дека за банката имало истраги и регулаторни пречки во други европски земји. Овие наводи ги изнесе како обвинувања, без во изјавата да приложи докази за нив.

    Лидерот на СДСМ ја поврза аферата со европските интеграции на земјата, обвинувајќи го премиерот дека со застојот на европскиот пат се овозможуваат сомнителни финансиски трансакции.

    „Не може да влегуваат во Европа вакви криминални банки со сомнителен капитал“, изјави Филипче, оценувајќи дека со ваквите трансакции се загрозува банкарскиот и финансискиот систем во земјата.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: „Дали Заев и Филипче стоеле зад перењето 110 милиони евра од Венецуела”

    10.11.2026 во 11:28

    СДСМ обвинува: Нема пари за народот, а задолжувањата и трошоците растат

    10.11.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.