Close Menu
Press24
    Најново

    Бројката на загинати во Бугарија се зголемува: Деца заглавени во смачкани автомобили, амбулантни возила евакуираат повредени

    10.11.2026 во 10:41

    ВИДЕО: Над 10 загинати во две вержини сообраќајки во Бугарија – се удриле преку 50 возила

    10.11.2026 во 10:41

    Експлозија го потресе Загреб: Пронајдено тело во близина на музејот „Мимара“

    10.11.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бројката на загинати во Бугарија се зголемува: Деца заглавени во смачкани автомобили, амбулантни возила евакуираат повредени
    • ВИДЕО: Над 10 загинати во две вержини сообраќајки во Бугарија – се удриле преку 50 возила
    • Експлозија го потресе Загреб: Пронајдено тело во близина на музејот „Мимара“
    • Се што треба да знаете за Алта Банка и продажбата во Македонија
    • САД итно ги повлекуваат авионите од Велика Британија
    • УХМР ги измери температурите по градовите – Есента допрва „ќе покаже заби”
    • Рекордни 773 милиони денари за науката: За две години буџетот е повеќе од двојно зголемен
    • Учениците во Србија од утре на распуст
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бројката на загинати во Бугарија се зголемува: Деца заглавени во смачкани автомобили, амбулантни возила евакуираат повредени

    Бројката на загинати во Бугарија се зголемува: Деца заглавени во смачкани автомобили, амбулантни возила евакуираат повредени

    10.11.2026 во 10:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на жртвите од тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот „Тракија“ во Бугарија се искачи на најмалку десет лица, потврди регионалниот гувернер на Јамбол, Георги Чалаков.

    Во двата верижни судири во близина на сообраќајната клучка „Зимница“ учествувале околу 50 автомобили и товарни возила, по што сообраќајот на тој дел од автопатот е во целосен прекин.

    На местото на трагедијата десетици спасувачки и медицински екипи интервенираат во исклучително тешки услови, при што на секои неколку минути пристигнуваат нови амбулантни возила. Меѓу лицата кои се заглавени во смачканите автомобили има и деца.

    Во регионалната болница во Јамбол досега се примени 11 повредени лица. Заменик-директорот на болницата, д-р Валентин Валчев, соопшти дека најголем дел од нив се наоѓаат во тешка здравствена состојба:

    „Седум пациенти претрпеле повеќекратни повреди, додека тројца имаат скршени екстремитети“

    Поради обемот и последиците од несреќата, по наредба на министерот за внатрешни работи, на терен итно се испратени вршителот на должноста генерален секретар на МВР, главен комесар Љубомир Николов, и заменик-министерот за внатрешни работи Калојан Калојанов.

    На делницата кај Јамбол е формирана колона од возила во должина од еден километар, која се протега од 288-от километар до излезот Кабиле.

    Сообраќајната полиција врши пренасочување на возилата преку алтернативни правци — од излезот Карнобат, преку автопатот I-6, раскрсницата Петолачка и Сливен, па повторно вклучување на автопатот кај излезот Крушаре.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Над 10 загинати во две вержини сообраќајки во Бугарија – се удриле преку 50 возила

    10.11.2026 во 10:41

    Експлозија го потресе Загреб: Пронајдено тело во близина на музејот „Мимара“

    10.11.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.