Close Menu
Press24
    Најново

    САД итно ги повлекуваат авионите од Велика Британија

    10.11.2026 во 10:26

    УХМР ги измери температурите по градовите – Есента допрва „ќе покаже заби”

    10.11.2026 во 10:19

    Рекордни 773 милиони денари за науката: За две години буџетот е повеќе од двојно зголемен

    10.11.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД итно ги повлекуваат авионите од Велика Британија
    • УХМР ги измери температурите по градовите – Есента допрва „ќе покаже заби”
    • Рекордни 773 милиони денари за науката: За две години буџетот е повеќе од двојно зголемен
    • Учениците во Србија од утре на распуст
    • Наскоро неработен ден, последниот годинава – 2027 почнува со многу споени викенди
    • Што се нема во скопската канализација
    • Хорор на автопат во Бугарија: Најмалку 7 загинати во верижен судир на над 50 возила
    • (ФОТО) Комунална хигиена со акција низ Скопје: Собрани 3.600 тони отпад, напишани и 26 записници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД итно ги повлекуваат авионите од Велика Британија

    САД итно ги повлекуваат авионите од Велика Британија

    10.11.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американската војска започна со итно повлекување и прераспоредување на своите авиони од базите во Велика Британија, по предупредувањата дека Иран би можел да ги прошири целите за напад на британска територија.

    Според податоците за следење на летовите и потврдите од официјални лица, два авиони-танкери за гориво од воздухопловната база „RAF Mildenhall“ вчера наутро беа префрлени во Германија. Во текот на денот, дополнителни танкери и воени летала беа стационирани во други европски бази, додека американските власти проценуваат дали заканата е општа или директно насочена кон базата.

    Од Воздухопловните сили на САД не ги открија конкретните причини за оваа операција, кратко наведувајќи дека преместувањето на леталата помеѓу различни локации се врши од повеќе оперативни причини.

    Ова не е прв ваков чекор на американските сили. Минатиот месец бомбардерите стационирани во базата „RAF Fairford“ во Англија исто така беа преместени по истрага за планиран терористички напад врз објектот, кој претходно се користеше во операциите насочени кон Иран.

    Британските власти претходно ги обвинија структурите поврзани со Техеран за организација на палења и напади на нивна територија, кои претежно беа насочени кон еврејската заедница, со предупредување дека листата на цели може да се прошири доколку продолжи ескалацијата на Блискиот Исток.

    Истовремено, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „разговара многу љубезно“ со преговарачите од Вашингтон, додавајќи дека има „добри шанси“ за постигнување договор и оценувајќи дека војната „ефективно завршила“.

    Прочитај повеќе

    Учениците во Србија од утре на распуст

    10.11.2026 во 10:08

    Хорор на автопат во Бугарија: Најмалку 7 загинати во верижен судир на над 50 возила

    10.11.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.