Деветнаесетгодишен скопјанец бил приведен откако полицијата кај него пронашла марихуана, а при претрес во неговиот дом биле откриени и бела прашкаста материја и пари.
Случајот се случил на 9 ноември, околу 18:40 часот, на пешачката патека покрај реката Вардар во Ѓорче Петров. При полициски преглед кај младото момче била пронајдена и одземена марихуана.



ФОТО: МВР
По приведувањето, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и други простории. При претресот биле пронајдени дополнителна бела прашкаста материја и пари, кои биле одземени.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

