Close Menu
Press24
    Најново

    Што откри инспекцијата за случајот со 17-годишната Билјана од Богданци

    09.11.2026 во 16:42

    Објавени најновите анализи: Водата за пиење во Скопје е безбедна

    09.11.2026 во 16:27

    Летаат казни: Полицијата казни над 700 лица за само 6 часа

    09.11.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што откри инспекцијата за случајот со 17-годишната Билјана од Богданци
    • Објавени најновите анализи: Водата за пиење во Скопје е безбедна
    • Летаат казни: Полицијата казни над 700 лица за само 6 часа
    • YouTube воведе голем редизајн по десет години: Отстранета важна функција
    • Родителите во шок: Управничка и две воспитувачки обвинети за над 400 случаи на злоупотреба на деца во Израел
    • Сиљановска-Давкова во работна посета на Франција за учество на Парискиот мировен форум
    • Утре повеќе од седум часа ќе нема струја – најавени исклучувања во голем број општини
    • Трагедија на Златибор: Пронајдено тело на 20-годишна девојка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Што откри инспекцијата за случајот со 17-годишната Билјана од Богданци

    Што откри инспекцијата за случајот со 17-годишната Билјана од Богданци

    09.11.2026 во 16:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инспекцискиот надзор во Центарот за социјална работа во Гевгелија не утврдил пропусти во постапувањето во случајот со 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, соопштија од надлежното министерство. Според наодите на инспекторите, установата постапувала целосно согласно законите и преземала соодветни мерки за нејзина заштита.

    Центарот бил известен од страна на МВР на 2 октомври за настан кој се случил на 30 септември. Истиот ден социјалните служби го контактирале таткото на девојката, а на 5 октомври со него и со Билјана биле спроведени официјални разговори и биле земени изјави на записник, при што таткото дал согласност за понатамошни заштитни постапки.

    Следниот ден на разговор бил повикан и Виктор Гунтаров, при што социјалните работници му укажале на недозволивоста на насилното однесување и на можните последици.

    По извршената проценка на ризикот, Центарот поднел барање до надлежниот суд, кој определил привремени мерки за заштита. Судот изрекол шестмесечна забрана за закани, малтретирање, вознемирување и контактирање со девојката, како и забрана за приближување на растојание помало од 100 метри.

    Според информациите на надлежните, во Министерството за внатрешни работи досега немало регистрирано пријава за евентуално прекршување на изречените заштитни мерки.

    Наодите од овој инспекциски надзор доаѓаат по протестот против фемицидот и насилството врз жените, каде жителка на Богданци изнесе обвинувања за поширока одговорност на наставниците кои наводно знаеле за насилството и отсуствата на Билјана од училиште. Овие тврдења не се потврдени во официјалниот извештај.

    Од министерството напоменуваат дека заклучокот на инспекторите се однесува исклучиво на постапувањето на Центарот за социјална работа во Гевгелија, а не на сите останати институции вклучени во случајот.

    Прочитај повеќе

    Објавени најновите анализи: Водата за пиење во Скопје е безбедна

    09.11.2026 во 16:27

    Летаат казни: Полицијата казни над 700 лица за само 6 часа

    09.11.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.