Close Menu
Press24
    Најново

    Трагичен крај на потрагата: 13-годишното девојче пронајдено починато во стара куќа во Германија

    09.11.2026 во 10:35

    Ноемвриско утро со студ – УХМР ги измери температурите низ Македонија

    09.11.2026 во 10:29

    Трамп: Очекувам да заминам во рајот

    09.11.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагичен крај на потрагата: 13-годишното девојче пронајдено починато во стара куќа во Германија
    • Ноемвриско утро со студ – УХМР ги измери температурите низ Македонија
    • Трамп: Очекувам да заминам во рајот
    • Ива Михаилова се појави во подкаст: „Јас сум Бугарка, тоа што сум родена во Македонија не ме прави Македонка”
    • Детали за несреќата на автопатот А3 во Хрватска: Само три секунди биле потребни за да се случи катастрофа
    • Од 1 декември нови правила за боледување
    • Крвав напад ја потресе Полска: Девет жртви, напаѓачот почина по три операции
    • Доаѓаат ноемвриски мразеви – УХМР со апел до земјоделците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагичен крај на потрагата: 13-годишното девојче пронајдено починато во стара куќа во Германија

    Трагичен крај на потрагата: 13-годишното девојче пронајдено починато во стара куќа во Германија

    09.11.2026 во 10:352 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потрагата по 13-годишната Лиза од Берлин заврши со трагично откритие, откако нејзиното тело било пронајдено во стара куќа на напуштена фарма во Алтглицен, во германската покраина Бранденбург. Во истиот објект полицијата пронашла и тешко повреден маж, кој според првичните сомнежи е поврзан со нејзината смрт.

    Според неофицијалните информации, мажот се обидел да изврши самоубиство со огнено оружје, по што бил префрлен на болничко лекување.

    Имотот каде што е извршено грозоморното откритие се наоѓа во регионот Маркиш-Одерланд, на над 50 километри од семејниот дом на девојчето во берлинскиот округ Марзан. Сопственик на имотот забележал отворена врата во неделата попладне и ја известил полицијата. Локалните жители сведочеле дека пред фармата денови претходно бил забележан паркиран златен автомобил со берлински таблички, а некои слушнале и повици за помош, но никој навремено не повикал надлежни служби.

    Лиза исчезнала на 3 ноември откако го напуштила семејниот стан околу 7:17 часот наутро за да замине на училиште. Нејзините последни чекори биле снимени од безбедносна камера во станот, а три минути подоцна комуникацијата со неа била прекината.

    Нејзината 17-годишна сестра Линда изјави:

    „Таа воопшто не одговори“

    Во повеќенедневната интензивна потрага учествуваа стотици полицајци. Полициските истражители продолжуваат со детално утврдување на сите околности за тоа што се случувало со Лиза по нејзиното заминување од дома.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Очекувам да заминам во рајот

    09.11.2026 во 10:22

    Детали за несреќата на автопатот А3 во Хрватска: Само три секунди биле потребни за да се случи катастрофа

    09.11.2026 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.