Close Menu
Press24
    Најново

    Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција

    06.11.2026 во 13:14

    Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај

    06.11.2026 во 13:03

    Кривична пријава за двајца тетовци: Лажирале договор за купопродажба за да препишат стан

    06.11.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција
    • Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај
    • Кривична пријава за двајца тетовци: Лажирале договор за купопродажба за да препишат стан
    • Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог
    • Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка
    • Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство
    • Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“
    • Кривична пријава за матичар од Слупчане: Изготвувал лажни изводи за странски државјани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција

    Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција

    06.11.2026 во 13:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членката на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Сузан Хасан, на денешната прес-конференција го обвини градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за самоволие, доделување награди без одлука на Советот и манипулација со јавноста.

    Според Хасан, раководството на општинарите прибегнува кон вакви чекори поради недостиг на реални проекти.

    „Бетон Герасимовски се расфрла со општински награди како да се лично негови, и ги користи за личен ПР и промоција. При недостаток на реални проекти, некомпетентност и мрзеливост, Герасимовски и СДС немаат со што да се пофалат, па почнаа да делат награди“, истакна Хасан.

    Таа нагласи дека се направени и прекршувања во самата процедура за избор на добитниците.

    „Не само што ги делат наградите од ракав, туку и изборот на добитници на наградата „Феникс“ е променет. Меѓу наградените има лица кои не биле избрани од комисијата која одлучувала, додека пак оние кои имале поддршката, не ја добиле наградата. Дополнително, одлуката за доделување награди, мора да помине и низ Советот на Општина Центар. Тоа не се случи. Уште поголем апсурд е што, градоначалникот Герасимовски или флагрантно лаже или неуспешно се обидува да манипулира со центарци. На овие фотографии, јасно се гледа дека тој ја изменил својата објава, односно од наградите „Феникс“, тие станаа „Јубилејни награди – 50 години Општина Центар““, додаде таа.

    На крајот, од општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ побараа одговори од градоначалникот и објавување на комплетната документација за доделувањата.

    „На самоволието и расипништвото на Бетон Герасимовски и СДС мора да му се стави крај. Тој мора веднаш да одговори, дали знае врз кои критериуми доделува награди? Во најскоро време да го објави записникот од комисијата која одлучувала. Кои беа кандидати и врз кој основ биле прифатени, односно одбиени? И за крај, да одговори уште колку „награди“ и други ПР подвизи ќе спроведе со парите на центарци, пред да замине во трајна политичка пензија“, порача Хасан.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај

    06.11.2026 во 13:03

    Кузеска: Власта врши притисок за продажба на „Алта банка“ за да го заташка криминалот

    06.11.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.