Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -2,8 степени Целзиусови. Ниски температури се регистрирани и во Маврово и Лазарополе, каде термометрите покажале 1 степен, додека во Крушево се измерени 2, а во Берово 3 степени.
Во Скопје утрово во 7 часот температурата изнесувала 8 степени, а најтопло било во Гевгелија со измерени 9 степени.
Температурите покажуваат дека утрата веќе се значително посвежи, особено во повисоките места и планинските предели.
Денот ќе помине во знакот на променливо облачно време, со повремени сончеви интервали. Во утринските часови во некои котлини можна е појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 18 степени.

Во Скопје се очекува променлива облачност, проследена со слаб до умерен северен ветер. Температурата наутро ќе се спушти до 6 степени, а преку денот ќе достигне 17 степени.
Стабилни временски услови се очекуваат до недела, со повремени сончеви периоди. За време на викендот утрата ќе бидат постудени, а температурите на места ќе се спуштат и под нулата. Во котлините повторно ќе има услови за магла. Од почетокот на следната седмица облачноста ќе биде променлива, а локално е можна и појава на слаб дожд.

