Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против 30-годишниот Б.Ч. од Скопје поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Пријавениот бил сопрен и прегледан од страна на полицијата додека управувал патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на подрачјето на општина Аеродром.
При прегледот било утврдено дека тој управувал со возилото и покрај тоа што имал активна забрана за возење, а кај него биле пронајдени и одземени 32 пакетчиња со кокаин, нож и пари.
Случајот е процесиран според член 215 од Кривичниот законик.

