Дваесет и осумгодишен државјанин на Таџикистан бил лишен од слобода во Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, приведувањето го извршиле полициски службеници од СВР Тетово на 4 ноември, околу 17:00 часот.
Лицето е задржано во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, согласно член 378 од Кривичниот законик.

