Close Menu
Press24
    Најново

    Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов

    05.11.2026 во 11:13

    10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”

    05.11.2026 во 11:08

    Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје

    05.11.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов
    • 10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”
    • Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје
    • Дојави за бомби во три авиони на „Рајанер“: Два слетале во Софија, еден во Пловдив
    • МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
    • Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
    • Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
    • Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов

    Кос со порака до Македонија: ЕУ ќе ве поддржува, но уставните измени остануваат услов

    05.11.2026 во 11:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во спроведувањето на реформите и напредокот кон членство во Европската Унија, но отворањето на првиот преговарачки кластер останува условено со исполнувањето на обврските поврзани со уставните измени.

    Ова го порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при претставувањето на Пакетот за проширување за 2026 година во Брисел, нагласувајќи дека земјата покажува посветеност на реформската агенда.

    Кос потсети дека условот за Северна Македонија е јасно утврден во заклучоците на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година.

    „Северна Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени. Сега зависи од Северна Македонија“, порача Кос.

    Еврокомесарката истакна дека секоја земја кандидат има можност да се приклучи кон групата држави што побрзо напредуваат кон Унијата, додавајќи дека Европската комисија предлага нов модел на постепена интеграција, со кој земјите кандидатки ќе добијат поголеми придобивки од европските политики и пред формалното членство.

    Како новина, Кос најави дека во првиот квартал од следната година ќе започнат дијалози со земјите кандидати за постепена интеграција. Целта е да се разгледаат постојните можности и да се утврдат дополнителни области во кои кандидатите можат поблиску да се поврзат со Европската Унија.

    Во своето обраќање таа посебно ја нагласи и безбедносната димензија на проширувањето, посочувајќи дека дезинформациите, кибернападите и организираниот криминал претставуваат заеднички предизвици за земјите членки и кандидатите.

    Според Кос, интегрирањето на кандидатите во безбедносните структури на ЕУ ќе овозможи подобра размена на информации, поголема координација и поефикасна борба против миграцијата и организираниот криминал.

    Пакетот за проширување за 2026 година опфаќа извештаи за напредокот на десет земји кандидати. По презентацијата, документите ќе бидат разгледани и во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе следуваат посебни резолуции со ставови и препораки за европскиот пат на секоја од земјите.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”

    05.11.2026 во 11:08

    Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје

    05.11.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.