Close Menu
Press24
    Најново

    10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”

    05.11.2026 во 11:08

    Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје

    05.11.2026 во 11:04

    Дојави за бомби во три авиони на „Рајанер“: Два слетале во Софија, еден во Пловдив

    05.11.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”
    • Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје
    • Дојави за бомби во три авиони на „Рајанер“: Два слетале во Софија, еден во Пловдив
    • МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење
    • Андоновски се пофали: ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата
    • Голема акција на скопскиот градоначалник: Нови 6.000 садници во главниот град
    • Дел од Македонија мрзне: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
    • „Глумел телевизија” на Фејсбук – скопјанец објавувал серии без дозвола, полицијата му влезе во траг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”

    10 возачи приведени за 24 часа – Возеле пребрзо и „мортус пијани”

    05.11.2026 во 11:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи.

    Од приведените, седум возачи управувале возило без воопшто да имаат положено возачки испит. Меѓу нив се четворица скопјани на возраст од 15, 26 и 51 година, 16-годишник од Батинци, 37-годишен жител на Гошинце и 61-годишен жител на Блаце, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода.

    Останатите тројца биле затекнати како управуваат возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за 35-годишен скопјанец, 30-годишен жител на Крушево и 50-годишен штипјанец, кој дополнително управувал под дејство на алкохол.

    Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“ од член 297-а од Кривичниот законик.

    Полицијата повторно апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол, бидејќи неодговорното однесување директно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Дефект остави неколку населби без вода – Прекин во дел од Скопје

    05.11.2026 во 11:04

    МВР за акцијата во Куманово: Полицијата врши претреси за изнуда, перење пари и несовесно работење

    05.11.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.