Close Menu
Press24
    Најново

    Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“

    05.11.2026 во 10:25

    Скандал на аеродромот во Белград: Алармот се активирал, но патникот сепак поминал

    05.11.2026 во 10:23

    Муцунски горд на извештајот на ЕК: Највисоки оценки од Брисел за надворешната политика

    05.11.2026 во 10:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“
    • Скандал на аеродромот во Белград: Алармот се активирал, но патникот сепак поминал
    • Муцунски горд на извештајот на ЕК: Највисоки оценки од Брисел за надворешната политика
    • Почнуваат како настинка, но не се обична детска болест – Првите симптоми и компликации од морбилите
    • Директорот на РХМЗ во Србија заврши зад решетки – прикрил имот од најмалку 650.000 евра
    • Запалени транспаренти и ликови на Трамп, Венс и Нетанјаху во Техеран
    • Граѓаните плаќале за регистрација, парите завршувале во туѓ џеб – Финансиската полиција откри проневера од над 41 милион денари
    • Во недела е Митровден: Еве што навестуваат народните верувања за претстојната зима
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“

    Зајкова по трагедијата во Богданци: „Со одбивањето на електронската нараквица убивте уште една жена“

    05.11.2026 во 10:252 Mins Read
    ЛДП
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, остро реагираше по трагедијата во Богданци, обвинувајќи го владејачкото мнозинство дека нема волја да воведе дополнителни механизми за заштита на жртвите на семејно насилство.

    Зајкова посочува дека 17-годишната Билјана претходно пријавувала насилство и смртни закани, а сепак не успеала да добие соодветна заштита.

    Таа ја отвори дилемата како постапуваат институциите кога една девојка ќе пријави дека нејзиниот живот е загрозен и зошто не се преземаат дополнителни мерки за спречување на вакви трагедии.

    Од ЛДП потсетуваат дека во изминатата година двапати поднеле предлог во Собранието за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство. Според предлогот, со оваа мерка би се следело движењето на насилниците, а жртвите и надлежните служби навремено би добивале известување доколку сторителот ја прекрши судската забрана за приближување.

    Зајкова бара најстрога казна за сторителите, но и утврдување одговорност кај сите институции и лица кои евентуално не постапиле соодветно и можеле да придонесат за спречување на трагедијата.

    ЛДП бара целосно расчистување на случајот во Богданци, проверка на постапувањето на надлежните институции и утврдување одговорност доколку се констатираат пропусти.

    „Уште колку Ивани, Росици и Билјани треба да ни се случат за конечно институциите да почнат да функционираат и да ги заштитат оние на кои заштитата им е најпотребна?“, прашува Зајкова, повикувајќи на конкретни мерки наместо декларативни заложби за заштита на жените.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Муцунски горд на извештајот на ЕК: Највисоки оценки од Брисел за надворешната политика

    05.11.2026 во 10:20

    Почнуваат како настинка, но не се обична детска болест – Првите симптоми и компликации од морбилите

    05.11.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.