Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (5 ноември) неколку скопски општини ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Во општина Кисела Вода, од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул. „Коста Новаковиќ“, на потегот од маркатот „Зур 5“ до крајот на улицата кај Салата на Јеховините сведоци. Исто така во Кисела Вода, во периодот од 08:30 до 12:30 часот, струја ќе нема за дел од корисниците од раскрсницата меѓу улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ до крајот на ул. „Димо Хаџи Димов“.
Во општина Чаир, поради интервенција во трафостаницата „Стара Чаршија 2“ и замена на блок-ќелии, од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите на улиците „Архиепископ Ангелариј“, „Дичо Зограф“, „Јорганџиска“, „Макариј Фрчковски“, како и објектите на црквата „Свети Спас“ и Националниот конзерваторски центар.
Во општина Гази Баба, од 09:15 до 11:30 часот прекин во снабдувањето ќе има за дел од жителите во населбата Колонија Идризово, поради планирани работи во трафостаницата „Колонија Идризово 3“.

