Close Menu
Press24
    Најново

    Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

    04.11.2026 во 15:21

    Јаневска за истрагата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип: Човекот е откриен, ќе ги сноси последиците

    04.11.2026 во 15:10

    Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

    04.11.2026 во 14:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм
    • Јаневска за истрагата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип: Човекот е откриен, ќе ги сноси последиците
    • Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
    • Нови детали за трагедијата кај Богданци: Момчето чие тело беше пронајдено до запалениот автомобил претходно било пријавувано за загрозување на сигурноста
    • Сиљановска-Давкова во седиштето на НАТО: Безбедноста на Западен Балкан е неразделна од евроатлантската стабилност
    • ОЈО за Богданци: Првичните инцидиции упатуваат на убиство и самоубиство, извршен е увид, прибрани се снимки
    • Мицкоски во Дизелдорф: Се соочуваме со вештачко барање од земја-членка на ЕУ – во Брисел е потребна робусна акција
    • 30-дневен притвор за Давор Мацура, сопственикот на Алта Банка АД Белград
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

    Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

    04.11.2026 во 15:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Институциите се подготвени за навремен почеток на откупот на тутунот од овогодишната реколта и за инспекциски надзор на постапката, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната средба со откупувачите, преработувачите и Сојузот на тутунски здруженија, која се одржа во Тутунскиот комбинат во Прилеп.

    Министерот подвлече дека оваа производствена гранка останува меѓу најважните во македонскиот аграр.

    „Тутунот е стратешка култура за македонското земјоделство, а неговиот откуп е еден од законски најрегулираните процеси. За оваа реколта очекуваме просечната откупна цена да надмине 420 денари за килограм“, истакна министерот Серафимовски.

    Откупувачите потврдија дека се подготвени непречено да го започнат откупот на родот, кој се проценува на 26 до 27 милиони килограми.

    Серафимовски најави дека тутунарите, покрај приходот од продажбата, може да очекуваат и државна поддршка од 80 денари по килограм за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа.

    На средбата беа презентирани и плановите за теренските контроли за време на преземањето на реколтата.

    „Државниот инспекторат за земјоделство е подготвен со инспекциски надзор да ги опфати сите 317 откупни пунктови на десетте регистрирани компании-откупувачи на тутун “, порача на средбата директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.

    Прочитај повеќе

    Јаневска за истрагата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип: Човекот е откриен, ќе ги сноси последиците

    04.11.2026 во 15:10

    Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

    04.11.2026 во 14:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.