Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Манасиевски: Од каде се парите за зградата во Влае и дали Пендаровски е деловен партнер на Муслиу

    04.11.2026 во 11:55

    Нова временска прогноза за Македонија: УХМР со најава за времето утре

    04.11.2026 во 11:53

    Хорор ја потресе Македонија: 21-годишник пронајден мртов покрај опожарен автомобил, внатре имало уште едно тело

    04.11.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Манасиевски: Од каде се парите за зградата во Влае и дали Пендаровски е деловен партнер на Муслиу
    • Нова временска прогноза за Македонија: УХМР со најава за времето утре
    • Хорор ја потресе Македонија: 21-годишник пронајден мртов покрај опожарен автомобил, внатре имало уште едно тело
    • Вучиќ даде мрачна прогноза за светот по поразот на Трамп
    • Имате сомнеж за трошењето јавни пари? ДЗР ги повикува граѓаните да предложат ревизии
    • Вучиќ: Србија стана банана држава
    • Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро
    • Танкери во пламен во Ормутскиот теснец: Иран тврди дека четири танкери биле уништени откако налетале на мини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Манасиевски: Од каде се парите за зградата во Влае и дали Пендаровски е деловен партнер на Муслиу

    (ФОТО) Манасиевски: Од каде се парите за зградата во Влае и дали Пендаровски е деловен партнер на Муслиу

    04.11.2026 во 11:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го отвори прашањето за потеклото на средствата за изградба на станбена зграда во скопската населба Влае, каде што како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

    Манасиевски изнесе низа прашања за тоа како со државна плата се финансира ваков градежен проект и дали во инвестицијата има и други деловни партнери.

    „Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градеж проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери?“, изјави Манасиевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ упатија директни прашања и до поранешниот претседател Стево Пендаровски за тоа дали има финансиска или деловна поврзаност со објектот во Влае, потсетувајќи дека тој го назначил Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година.

    „Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае?“, рече тој.

    Манасиевски исто така потсети дека сопругата на Муслиу во 2024 година добила грант од 620 илјади евра од претходната Влада на СДСМ преку меморандум со конзорциум на невладини организации.

    „Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДС. Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ја напаѓаат Алта банка за да ја преземат блиски бизнисмени поевтино

    04.11.2026 во 09:23

    СДСМ бара оставка од гувернерот Славевски

    04.11.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.