Close Menu
Press24
    Најново

    Имате сомнеж за трошењето јавни пари? ДЗР ги повикува граѓаните да предложат ревизии

    04.11.2026 во 11:25

    Вучиќ: Србија стана банана држава

    04.11.2026 во 11:18

    Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

    04.11.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Имате сомнеж за трошењето јавни пари? ДЗР ги повикува граѓаните да предложат ревизии
    • Вучиќ: Србија стана банана држава
    • Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро
    • Танкери во пламен во Ормутскиот теснец: Иран тврди дека четири танкери биле уништени откако налетале на мини
    • Крај на часовите поминати во читање закони и пресметки: Нова AI алатка ќе им ја олесни работата на фирмите
    • Добри вести за патниците: Од 1 април повторно летови од Скопје до Дубаи
    • Почина рускиот научник кој учествуваше во развојот на „Новичок“
    • Трамп им честиташе на демократите за изборниот резултат: Сработија добра работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Имате сомнеж за трошењето јавни пари? ДЗР ги повикува граѓаните да предложат ревизии

    Имате сомнеж за трошењето јавни пари? ДЗР ги повикува граѓаните да предложат ревизии

    04.11.2026 во 11:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните и организациите ќе можат да предложат кои институции и области да бидат опфатени со државна ревизија во текот на 2027 година. Државниот завод за ревизија (ДЗР) започна со подготовка на годишната програма за работа и ги повикува сите заинтересирани да достават свои предлози.

    Од Заводот посочуваат дека на овој начин јавноста ќе добие можност да учествува во утврдувањето на приоритетите за ревизија, особено кога станува збор за прашања од поширок јавен интерес.

    Пристигнатите иницијативи ќе бидат разгледани при подготовката на програмата, а конечниот избор на ревизии ќе зависи од проценетите ризици, значењето на предложените области, професионалните стандарди и расположливите ресурси.

    Предлози може да достават институции, граѓански здруженија, организации и поединци, најдоцна до 1 декември 2026 година.

    Пријавувањето може да се направи електронски преку формуларот „Барање за ревизија“ на веб-страницата на ДЗР или со доставување на барање во хартиена форма на адресата на Заводот, на улицата „Павел Шатев“ бр. 2 во Скопје.

    Годишната програма за работа ја донесува главниот државен ревизор, а документот најдоцна до крајот на декември ќе биде доставен до Собранието и објавен на веб-страницата на Државниот завод за ревизија.

    Од ДЗР нагласуваат дека вклучувањето на јавноста треба да придонесе кон поголема транспарентност, отчетност и контрола врз управувањето со јавните пари.

    Формуларот за доставување предлози е достапен на: https://dzr.mk/mk/contact/barane_za_revizija

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

    04.11.2026 во 11:06

    Крај на часовите поминати во читање закони и пресметки: Нова AI алатка ќе им ја олесни работата на фирмите

    04.11.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.