Најниска утринска температура од 0,5 степени е измерена на Попова Шапка, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од мерењата во 7 часот утрово.
Температура од 1 степен е регистрирана во Лазарополе и Крушево, додека најтопло било во Гевгелија, каде се измерени 10 степени.
Во Скопје утринската температура изнесувала 7 степени.
Времето денеска ќе биде со променлива облачност и повремени сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува, особено во делови од Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 9 до 15 степени.
Во главниот град се очекува претежно облачно време, проследено со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 11 степени.
Од УХМР информираат дека во наредниот период Македонија ја очекува стабилно и суво време, со повремена облачност. Во следните неколку утра, вклучително и во петок и сабота, на одредени места можна е појава на магла. Од петок се очекува постепено разведрување, а викендот ќе донесе значително постудени утра, при што во некои делови од земјата температурите ќе се спуштат и под нулата.

