Close Menu
Press24
    Најново

    Средношколци во Собранието: Дебата за социјалните мрежи, инфлуенсерите и лажните вести

    03.11.2026 во 08:04

    Ќе нема струја во делови на Скопје – Исклучувањата ќе траат со часови

    03.11.2026 во 08:03

    Ќе истури дожд – УХМР од утре најавува пресврт со времето

    03.11.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средношколци во Собранието: Дебата за социјалните мрежи, инфлуенсерите и лажните вести
    • Ќе нема струја во делови на Скопје – Исклучувањата ќе траат со часови
    • Ќе истури дожд – УХМР од утре најавува пресврт со времето
    • Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
    • Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога
    • Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд
    • Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате
    • Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средношколци во Собранието: Дебата за социјалните мрежи, инфлуенсерите и лажните вести

    Средношколци во Собранието: Дебата за социјалните мрежи, инфлуенсерите и лажните вести

    03.11.2026 во 08:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како младите ги избираат изворите на информации, колку им веруваат на содржините што ги гледаат на интернет и дали можат да ги разликуваат вистинските вести од манипулациите – овие прашања денеска ќе бидат тема на дебата во Собранието, на која ќе учествуваат средношколци и пратеници.

    Настанот е организиран под мотото „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС), во партнерство со Парламентарниот институт и Клубот за младински прашања и политики при Собранието.

    Целта е преку непосредна размена на мислења да се утврди со какви информациски предизвици се соочуваат младите, особено во време кога социјалните мрежи и дигиталните платформи имаат сè поголемо влијание врз формирањето на нивните ставови.

    Посебно внимание ќе биде посветено на влијанието на инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини, но и на опасностите од лажни вести, пропагандни пораки и материјали создадени со помош на вештачка интелигенција.

    На дневен ред ќе се најде и образовниот систем, односно прашањето дали наставните програми ги подготвуваат учениците за критичко оценување на информациите и справување со современите облици на дезинформирање. Учесниците ќе разменат идеи за можни промени во образованието и унапредување на медиумската писменост.

    Дискусијата ќе се потпира на резултати од истражувања спроведени во земјава и регионот, кои ги анализираат медиумските навики и нивото на медиумска писменост кај младите, како и на примери од образовната практика.

    Настанот ќе го отворат претседателот на Собранието, Африм Гаши, и британската амбасадорка Маја Сивањанам.

    Во разговорот ќе се вклучат ученици од седум средни училишта од Скопје, Прилеп, Валандово, Велес и Липково, како и пратеници и претставници на надлежните институции и организации.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Ќе нема струја во делови на Скопје – Исклучувањата ќе траат со часови

    03.11.2026 во 08:03

    Ќе истури дожд – УХМР од утре најавува пресврт со времето

    03.11.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.