35-годишна жена од Кочани две години била следена од 40-годишник од Македонска Каменица.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против В.Н.(40) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Во периодот од последните две години, пријавениот следел, вознемирувал и психички малтретирал 35-годишна жена од Кочани.

