Close Menu
Press24
    Најново

    Портокалов аларм во Италија: Затворени училиштата во неколку градови

    02.11.2026 во 10:01

    Мицкоски: „Сами против сите во Брвеница, ние со програма, тие со националната карта”

    02.11.2026 во 09:54

    Зеленски изрази подготвеност за средба со Путин во Турција под покровителство на Ердоган

    02.11.2026 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Портокалов аларм во Италија: Затворени училиштата во неколку градови
    • Мицкоски: „Сами против сите во Брвеница, ние со програма, тие со националната карта”
    • Зеленски изрази подготвеност за средба со Путин во Турција под покровителство на Ердоган
    • (ФОТО) Се санираат улиците во Центар: Нов асфалт на 930 квадратни метри на „Загребска“
    • Црногорската Централна банка му ја одзеде лиценцата за работење на „Алта пеј груп“
    • ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите во Брвеница
    • „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово
    • Денеска се празнува Светиот маченик Артемиј
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Портокалов аларм во Италија: Затворени училиштата во неколку градови

    Портокалов аларм во Италија: Затворени училиштата во неколку градови

    02.11.2026 во 10:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Училиштата во повеќе градови во јужниот дел на Италија денеска се затворени, откако регионите Пуља и Базиликата беа ставени под портокалово предупредување поради неповолни временски услови.

    Одделот за цивилна заштита издаде ново предупредување за невреме во консултација со погодените региони, кои се надлежни за активирање на локалните системи за заштита и спасување, пренесува АДН Кронос.

    Покрај портокаловиот аларм во Пуља и Базиликата, жолто ниво на тревога е прогласено во Калабрија, Кампанија, Молизе, Абруцо и Сицилија.

    Поради најавите за обилни врнежи од дожд, општините во Пуља воведоа посебни ограничувања. Настава нема да се одржува во Сан Северо (покраина Фоџа), како и во Лече и Бриндизи.

    Во Барлета е најавен надзор над патиштата и подвозниците кои се изложени на riзик од поплавување, со можност за нивно целосно затворање за сообраќај и пешаци во случај на опасност.

    Општина Лече дополнително нареди привремено затворање на општинските гробишта, градскиот парк и пазарите додека трае предупредувањето.

    Локалните власти им препорачаа на жителите да ги ограничат непотребните патувања, да избегнуваат подвозници и паркови и да покажуваат зголемена внимателност за време на бурата.

    Прочитај повеќе

    Зеленски изрази подготвеност за средба со Путин во Турција под покровителство на Ердоган

    02.11.2026 во 09:50

    Црногорската Централна банка му ја одзеде лиценцата за работење на „Алта пеј груп“

    02.11.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.