Close Menu
Press24
    Најново

    „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово

    02.11.2026 во 09:24

    Денеска се празнува Светиот маченик Артемиј

    02.11.2026 во 09:09

    Врнежлива недела: „Потоп” во делови од Македонија, ова е состојбата

    02.11.2026 во 09:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово
    • Денеска се празнува Светиот маченик Артемиј
    • Врнежлива недела: „Потоп” во делови од Македонија, ова е состојбата
    • Сиљановска ѝ ја честиташе на Јотова: Очекувам конструктивна улога на Бугарија во регионот
    • Дневен хороскоп: Бикот да покаже подготвеност за компромис, Девицата да не го анализира секој збор
    • Јотова е првата жена претседател на Бугарија: Случајот на Ива го нарече преседан за човековите права
    • Весна Јаневска: Студентите се на потег, ние им дадовме време за координација
    • Парите остануваат на сметките, но повлекувањето е ограничено – што треба да знаат клиентите на АЛТА банка?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово

    „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово

    02.11.2026 во 09:241 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека правосудниот систем повторно не обезбедил одговорност за трагедијата во тетовската модуларна болница, во која загинаа 14 лица. Од партијата реагираат на ослободителната пресуда за поранешните директори на болницата, Артан Етеми и Флорин Бесими, оценувајќи дека со тоа се отвора прашањето за одговорноста на сите надлежни во случајот.

    Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека претходно беше затворен и предметот за набавката на модуларните болници, во кој, според нив, не беше утврдена одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

    Партијата прашува како е можно за пожарот во кој животот го загубија 14 лица да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица во тогашното раководство на болницата и Министерството за здравство.

    Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека треба да се испита одговорноста на сите лица во синџирот на одлучување и управување, вклучително и на тогашниот министер Филипче, за кого велат дека воопшто не бил повикан на разговор.

    Во реакцијата се поставува и прашањето дали политичките врски влијаат врз судските постапки и дали постои еднаков третман пред законот.

    Од партијата порачуваат дека за 14-те загубени животи мора да има правда и одговорност и дека политичките врски не смеат да бидат над правосудниот систем.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Врнежлива недела: „Потоп” во делови од Македонија, ова е состојбата

    02.11.2026 во 09:07

    Сиљановска ѝ ја честиташе на Јотова: Очекувам конструктивна улога на Бугарија во регионот

    02.11.2026 во 09:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.