Победник на предвремените локални избори во Брвеница е кандидатот на ДУИ, Архин Јахији, објави генералниот секретаро на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки иако Државната изборна комисија сѐ уште ги нема пребројано сите 24 избирачки места.
Во изјава пред штабот на неговата партија во Брвеница, оцени дека победата на Јахии е резултат на гласови од дијаспората. Според него, разликата меѓу двајцата кандидати, Јахии и Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ не е поголема од 200 гласа.
-Секако би сакал да им честитам на победниците коишто остварија победа во овој изборен циклус. Некогаш против бројките не се може. Бројките се тие што. Успеаја да донесат бајаги луѓе од надвор коишто не живеат тука. Живеат од границите на оваа татковина, меѓутоа, гласаа за кандидатот на ДУИ и јас би му честитал во оваа прилика, рече Ковачки.
ДИК со овој момент има избројано 95.8% од гласовите. Според ДИК, во водство е Јахији со 4.279 гласови, додека Радичевски има освоено 4.154.

