Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишија од слобода Т.Ш.(82) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 72-годишна сопруга.
При нападот, информира МВР, употребил дрвен предмет и ѝ се заканувал.
-Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

