Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров. Откако жена го опоменала и почнала да го снима, физички ја нападнал. Скопјанка на 67-годишна возраст е повредена откако непознатото лице фрлало со камења кон неа.
Според пријавата во СВР Скопје, настанот се случил на 29 октомври во попладневните часови. Жената претходно го опоменала лицето и се обидела да го сними со мобилен телефон, бидејќи фрлало камења и земја на улица која требало да биде асфалтирана.
По ова, лицето почнало да фрла камења кон неа и ѝ нанело телесна повреда. МВР презема мерки за расчистување на настанот, велат оттаму.

