Close Menu
Press24
    Најново

    Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење

    31.10.2026 во 11:04

    Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд

    31.10.2026 во 10:39

    Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    31.10.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење

    Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење

    31.10.2026 во 11:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде лиценцата на АЛТА банка АД Белград, се огласи банката со седиште тука во Македонија. Од Алта Банка АД Битола велат дека банката е ликвидна и дека станува збор за самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија.

    -АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење. Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола, се вели во дописот.

    Оттаму нагласуваат дека македонската подружница располага со сопствен капитал, средства и обврски.

    -Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Северна Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи. Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка. Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити, се вели во соопштението.

    Алта Банка АД Битола ги уверува клиентите дека нејзината работа продолжува и натаму.

    -Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење. АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата, велат оттаму.

    Прочитај повеќе

    Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд

    31.10.2026 во 10:39

    Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    31.10.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.