Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (31 октомври) повеќе населени места во општина Студеничани привремено ќе останат без снабдување со електрична енергија.
Според соопштението од Електродистрибуција, прекинот се должи на реконструкција на далеководот од селото Долно Количани до селото Вртекица.
Без напојување ќе бидат корисниците во селата Вртекица, Рамни Габер, Пагаруша, како и Долно Маало во селото Долно Количани.
Исклучувањето е планирано да трае во периодот од 08:30 до 15:30 часот.

