Шеесетгодишен жител од тетовско останал без 139.474 денари од својата трансакциска сметка откако биле извршени повеќе неовластени трансакции на странски интернет-платформи.
Како што информираат од МВР, случајот бил пријавен вчера во Секторот за внатрешни работи Тетово.
Вчера во 17:20 часот, 60-годишниот тетовец пријавил во СВР Тетово дека забележал дека парите недостигаат од сметката што ја користел преку мобилно банкарство, соопштуваат од полицијата.
По направениот увид во деталниот извештај од матичната банка, било утврдено дека нелегалното влечење пари од сметката се одвивало неколку недели. Неовластените трансакции биле реализирани во периодот од 1 до 20 октомври 2026 година.
Полициски службеници веќе преземаат мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

