Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Филипче, ти си следен
    • Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија
    • Двајца млади Срби загинаа, а еден е тешко повреден во сообраќајка во САД: Прогласена тридневна жалост
    • Тажна вест: Почина млад водител на само 34 години
    • Нема да се избира само најевтината понуда: Нови правила за јавните набавки
    • Еболата стигна до Европа?
    • Македонски пратеници со Руте разговараа за приоритетите на НАТО
    • Трамп подготвува голем пресврт: САД и Канада се блиску до историски договор за царините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Филипче, ти си следен

    Манасиевски: Филипче, ти си следен

    27.10.2026 во 11:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ се обидува преку повторување нестини да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка одговорност, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, тврдењата на опозицијата за влијанијата на српските власти претставуваат замена на тезите.

    Кај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја повторат 1000 пати, таа некако ќе стане вистина. Таков е и случајот со нивните илузорни вистини за Вучиќ и за српскиот свет. Кај нив едноставно речено, работи Фројд, истакна Манасиевски.

    Манасиевски потсети на претходниот период кога СДСМ беше на власт, посочувајќи дека тогашната влада имала блиска соработка со српскиот претседател.

    До пред неколку години, кога беа власт Заев и Филипче го величаа Вучиќ и му се поклонуваа на граница кога им донираше вакцини затоа што овие двајцава сакаа нашите да ги украдат. До пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија кажеа некаков лош збор за него. А во меѓувреме, за лица блиски до него како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на Зоран Заев на власт во Македонија, беа вдомени како советници во неговата влада, рече тој.

    Тој ја повика опозициската партија наместо да се фокусира на изборните процеси во соседството, да побара предвремени избори во земјава доколку смета дека има поддршка.

    И наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор. Ако се подготвени за избори, нека ги побараат. А не да бегаат од нив како ѓавол од темјан, изјави портпаролот на владејачката партија.

    Манасиевски порача дека политичките промени започнаа со заминувањето на претходните раководства на СДСМ и дека овој процес ќе продолжи.

    Промените во Европа почнаа пред 4 години токму од Македонија. Со заминувањето на Заев и Филипче од власта, а потоа и со заминувањето на Димитар Ковачевски во Македонија, конечно, дојдоа промените. Граѓаните конечно добија надеж, почит и верба за подобро утре. Затоа на прашањето кое го поставува Филипче, а тоа е: кој е следен? Имаме многу лесен одговор. Филипче, ти си следен!, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија

    27.10.2026 во 11:35

    Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“

    27.10.2026 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.