Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ се прости од Ведрана Рудан која еднаш го праша „Путин ли ви даде пушка за да си играте? – Еве што напиша за неа
    • Татко и син од Македонија уценувани со години – Им зеле 43 кила злато и имот
    • „Ако не се отвори фиоката мачката ќе биде жива“ – Добитник на „Антево перо“ за 2026 година
    • ВМРО-ДПМНЕ: Се отвора можност за намалување на сметките за струја за 5 до 10 отсто
    • Што ќе има на „Карпошово културно лето“: 10 дена музика, филм, изложби и забава
    • Трагедија во семејството на Елвир Мекиќ: ненадејно почина неговиот брат Елвис
    • Дневен хороскоп: Трпението клуч за успех кај Овенот, Бикот ќе реши некоја обврска што го оптоварувала
    • „Да имам јас таков филм, би го пуштила пред Дневникот” – Северина се прости од Ведрана Рудан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе има ли мир? Трамп денеска со Нетанјаху во Белата куќа за договор за Газа

    Ќе има ли мир? Трамп денеска со Нетанјаху во Белата куќа за договор за Газа

    29.09.2025 во 17:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, а откако најави мировен договор за Појасот Газа и ветувајќи вето на евентуалната израелска анексија на окупираниот Западен Брег.

    -Имаме вистинска шанса да постигнеме нешто големо на Блискиот Исток. Сите се подготвени за нешто посебно. Ќе успееме – напиша Трамп синоќа на неговата платформа Трут соушл.

    Ова ќе биде нивна четврта средба од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари 2025 година. Иако американскиот претседател постојано ја нагласува својата поддршка за Израел, неговите предлози за прекин на војната – започната по нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година – често се разликуваат од ставовите на Нетанјаху.

    Најновиот американски предлог, кој Трамп веќе му го презентирал на Нетанјаху и на група муслимански лидери, предвидува траен прекин на огнот во Газа, ослободување на израелските заложници, повлекување на израелската војска и идно управување на Газа без Хамас. Според британските медиуми, поранешниот премиер Тони Блер би можел да има клучна улога во транзициската власт.

    Прашањето за иднината на Западниот Брег исто така ќе биде тема на разговор.

    -Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег. Тоа нема да се случи – изјави Трамп минатата недела.

    Од друга страна, екстремно десничарските коалициски партнери во израелската влада инсистираат на анексија како одговор на меѓународните признанија за палестинската држава.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ се прости од Ведрана Рудан која еднаш го праша „Путин ли ви даде пушка за да си играте? – Еве што напиша за неа

    19.08.2026 во 09:38

    „Да имам јас таков филм, би го пуштила пред Дневникот” – Северина се прости од Ведрана Рудан

    19.08.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.