Close Menu
Press24
    Најново

    Носителот на „Студентите победуваат“ го оствари правото на глас: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив

    25.10.2026 во 11:57

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29

    Скандал на изборите во Србија: Членка на избирачки одбор доби шлаканица, прекинато гласање по упадот во Дољевац

    25.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан
    • Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со тврд предмет ја нападнал сопругата и завршил во полиција
    • Трагедија на патот Струмица – Радовиш: Загина возач во судир со пијан возач кој управувал возило со 1,32 промили алкохол
    • Инцидент во Охрид: Возач со „БМВ“ со струшки таблички попречил движење и физички нападнал 60-годишен маж
    • Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
    • Носителот на „Студентите победуваат“ го оствари правото на глас: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив
    • Манасиевски: Во анкетниот лист на Филипче нема кола од 6.000 евра, туку „мерцедес“ од 44.000 евра и мотор
    • (ВИДЕО) Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски – пуштен е да работи за ВМРО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Турската демократска партија (ТДП) и министер во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за меѓународна соработка и странски инвестиции, Зулфикар Зејнула, ја оствари својата прва официјална посета во странство по стапувањето на министерската функција, посетувајќи ја Република Турција, каде што оствари средба со министерот за надворешни работи, Хакан Фидан.

    На средбата се разговараше за историските пријателски односи и длабоко вкоренетите братски врски меѓу Турција и Северна Македонија, за унапредувањето на политичката и економската соработка, зголемувањето на меѓусебните инвестиции, како и за прашања од особено значење за иднината на турската заедница во Република Северна Македонија. Посебно беше истакнато значењето на одржувањето и понатамошното зајакнување на блиските односи меѓу Турската демократска партија, која има долгогодишна традиција во политичкото претставување на турската заедница во Северна Македонија, и Република Турција, која за турската заедница претставува историска татковина.

    Воедно, беше нагласена цврстата определба за заштита на правата на турската заедница, зачувување на нејзиниот национален идентитет и зајакнување на нејзината политичка застапеност. Беше посочено дека оваа посета претставува значаен чекор не само во насока на продлабочување на дипломатските и билатералните односи меѓу двете држави, туку и во понатамошното зацврстување на историските, нераскинливи и братски врски на турската заедница во Северна Македонија со Република Турција.

    На крајот од средбата, министерот Зулфикар Зејнула изрази искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, за укажаното внимание, срдечното гостопримство и драгоцената поддршка.

    Прочитај повеќе

    ДЗС со тимови на терен: Потрага по исчезнато лице кај Вардар во гостиварско

    22.10.2026 во 10:13

    (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден

    20.10.2026 во 13:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.