Физички напад бил пријавен во СВР Охрид во доцните вечерни часови, соопшти МВР.
Според полициските информации, вчера (24.10.2026) во 23:03 часот во СВР Охрид, 60-годишниот Љ.Н. од Охрид пријавил дека на улицата „Марко Нестороски“ во градот бил физички нападнат од непознатно лице. Напаѓачот претходно со патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки му го попречил движењето, по што излегол од автомобилот и го нападнал оштетениот.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

