За време на одржувањето на вонредните парламентарни избори во Србија, во јавноста се појави видеоснимка од инцидент во белградската населба Батајница, каде што група маскирани лица влегла во кол-центар на Српската напредна странка (СНС).
Според информациите пренесени од српските медиуми, повикувајќи се на објави на социјалните мрежи и медиумски извештаи, неколку маскирани лица влеле во просториите и гласно викале, што предизвикало вознемиреност кај присутните вработени жени. Според првичните наводи од еден од медиумите, во редакцијата било пријавено дека дел од лицата носеле и метални шипки, но засега нема официјални потврди за сите детали или за евентуални повредени лица.
Call centar u Batajnici 🤣 Zašto se krijete, kad ste ponosni na sns ? 🤣🤣🤣 https://t.co/bViZDgD2bM
— black & white (@bianconerobgd) October 25, 2026
Надлежните институции сè уште немаат излезено со официјално соопштение или детален извештај за околностите под кои се случил инцидемот, ниту пак дали се преземени мерки за идентификување на сторителите.

