Словенија воведе задолжителен божиќен бонус за сите вработени во земјата, со дефиниран минимален износ од 740,94 евра за лицата кои биле ангажирани со полно работно време во текот на целата година.
Висината на овој зимски додаток е директно поврзана со минималната бруто-плата во Словенија, која за 2026 година изнесува 1.481,88 евра.
За вработените кои работеле со скратено работно време или биле ангажирани само одреден период во текот на годината, законски е предвидено исплата на пропорционален износ.
Сите работодавачи во Словенија имаат законска обврска да ги префрлат средствата на сметките на работниците најдоцна до 18 декември.
Со оваа нова мерка, празничниот бонус станува задолжително право за сите вработени, со што се укинува досегашната практика на доброволна исплата која зависеше исклучиво од волјата и деловната политика на компаниите.

