Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицаец пукаше кон автомобил и уби едногодишно дете: Обвинителството во Мисисипи тврди дека е оправдано

    Полицаец пукаше кон автомобил и уби едногодишно дете: Обвинителството во Мисисипи тврди дека е оправдано

    22.10.2026 во 09:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Употребата на сила од страна на полицијата била оправдана кога полицајците отвориле оган врз автомобил за време на истрага за кражба, при што загина едногодишниот Коен Вајли, заклучи јавниот обвинител на американската сојузна држава Мисисипи. Инцидентот се случи во јуни додека детето седело во скутот на мајка си, а полицијата тврди дека возачот го насочил возилото кон полицајците.

    Случајот започнал на 14 јуни, кога полицијата била повикана во продавница на „Волмарт“ (Walmart) во градот Сенатобија поради пријава за кражба на пелени и облека за бебиња. Според Бирото за истраги на Мисисипи, полицајците наишле на две жени и дете на паркингот додека се приближувале кон автомобилот. При обидот да го запрат возилото, тоа се движело кон еден од полицајците, за малку удирајќи го.

    Во тој момент еден полицаец отворил оган, при што куршумот го усмртил детето и тешко ја ранил возачката, Латоја Ферел.

    Мајката на Коен, Велесија Вајли – која седела на предното совозачко седиште со детето во скут – негира дека таа или Ферел украле нешто. Таа изјави дека го кренала синот за полицајците да можат да го видат, само неколку моменти пред тој да биде погоден. Против ниту една од жените досега не се поднесени кривични пријави.

    Јавниот обвинител Лин Фич ги објави наодите од истрагата преку кратка официјална изјава.

    „Во овој инцидент, Канцеларијата на јавниот обвинител утврди дека употребата на сила била оправдана“, напиша таа.

    Полицијата сè уште нема објавено никакви официјални снимки од пукањето – ниту од камерите што ги носат полицајците на себе, ниту од безбедносните камери на паркингот. Сепак, на интернет протекоа одредени снимки на кои се гледа како полицајци пукаат кон автомобил што бега од нив.

    Адвокатот на семејството Вајли, Бенџамин Крамп, ја оспори одлуката на обвинителството и побара транспарентност.

    „Како може некој да прифати таков заклучок кога на семејството на Коен и на јавноста сè уште не им е дозволено да ги видат снимките од полициските камери? Ако снимките ја поткрепуваат одлуката на државата, тогаш објавете ги. Нема да престанеме да се бориме додека ова семејство не ја дознае вистината“, изјави Крамп.

    Од друга страна, Мартин Зумах, адвокатот на полицаецот кој употребил огнено оружје, изјави за „Асошиејтед прес“ дека возачот се обидел да го убие неговиот клиент.

    „Тој немаше друг избор освен да отвори оган“, рече Зумах.

    Трагичниот настан се случи на американскиот празник „Џунтин“ (Juneteenth) – со кој се одбележува крајот на ропството – што предизвика бранови од протести во Сенатобија. Демонстрантите тврдат дека расната припадност имала улога во постапувањето, имајќи предвид дека Коен и двете жени се црнци, додека полицаецот кој пукал и окружниот обвинител се белци. Дополнително, минатиот месец градските власти го отпуштија началникот на полицијата откако беа откриени пораки во кои тој користел расистички навреди.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата

    22.10.2026 во 23:01

    Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи

    22.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.