Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
    • Деребан: Правдата мора да им служи на граѓаните, а не да биде лавиринт низ кој сами го бараат излезот
    • Андоновски на средба со потпретседателот на Светска банка за дигитализацијa
    • Кремљ најавува можност за преговори: Русија, САД и Украина пред нов круг трилатерални разговори во Абу Даби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага

    „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага

    21.10.2026 во 22:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пред амбасадата на САД во Прага, чешки активисти денеска изведоа протестен перформанс со истурање црвена боја од буре на улицата, развивање на украинското знаме и скандирање на пароли како „Трамп е предавник“, оставајќи јасна порака: „Американско предавство на нафтата = европска крв“.

    Акцијата ја организираше чешката граѓанска иницијатива „Капутин“. Од таму преку соопштение за медиумите потенцираа дека симболичната крв има за цел да предупреди на, како што велат, цинизмот со кој САД ги разменуваат животите и страдањата на Украинците за себични бизнис интереси.

    – Симболичната крв што се истури од бурето пред амбасадата на САД предупредува на цинизмот со кој САД ги разменуваат животите и страдањата на Украинците за себичен бизнис – се наведува во соопштението.

    По дваесетина минути од почетокот на протестот, чешката полиција интервенираше и ги приведе активистите. Портпаролот на полицијата, Рихард Хрдина, изјави дека тие ќе одговараат за прекршок за осквернување на јавен простор.

    – Огорчени сме и згрозени од предавството на американското раководство. Иако Украина доби безбедносни гаранции во Меморандумот од Будимпешта и ги исполни економските очекувања на сегашната администрација на Трамп, Белата куќа ладнокрвно ја предаде – изјави еден од приведените активисти за чешкиот портал Novinky.cz.

    Граѓанската иницијатива „Капутин“ функционира во Чешка повеќе од една деценија, потекнувајќи како реакција на руската анексија на Крим. Организацијата е препознатлива по своите улични перформанси за поддршка на Украина и предупредувања за политиките на Кремљ, а претходно стана позната и по поставувањето на импровизираниот споменик „двајца голи диктатори“ на рускиот и белорускиот претседател во центарот на Прага.

    Прочитај повеќе

    Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус

    21.10.2026 во 22:01

    Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук

    21.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.