Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство
    • „Сопругот и золвата ме натепаа“: 32-годишна скопјанка се јавила во полиција
    • Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство

    Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство

    21.10.2026 во 16:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градот Скопје го реконструира вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, како дел до активностите за реконструкција на паркот „Жена борец.

    – Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом. Некои рани никогаш не зараснуваат. Таква е и раната за децата бегалци коишто прерано останале без своите домови. Овој споменик којшто во моментов го реконтруираме беше мета на вандализам во минатото и со години стоеше без плоча и без никакво обележје, но веќе започнавме активности со коишто спомен-обележјата во главниот град ги враќаме во првобитна состојба, бидејќи станува збор за спомен-обележја, коишто се одлика за минатото, но и правец каде во иднина треба да се движиме ние како нација, како народ и како жители на град Скопје, но и потсетник да бидат за младите коишто треба да си ја знаат својата историја. Освен овој споменик и на останатите споменици каде што има аномалии во наредниот период ќе превземеме активности за да ги ревитализираме целосно. Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува  – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

    – Во паркот „Жена-борец“ после долги години се прави целосна ревитализација којашто опфаќа средување на патеките, партерно уредување, нова инфраструктура којашто ќе биде овде поставена, а е поврзана со нови клупи, корпи за отпадоци и се останатно што значи дека едно од најубавите катчиња во градот Скопје ќе го добие својот модерен лик, онака како што заслужуваат граѓаните – нагласи Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    21.10.2026 во 13:30

    Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар

    21.10.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.