Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против К.С. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Пријавениот К.С., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово при СВР Тетово, на 02.02.2025 ги зторил делата со непостапување согласно законските овластувања и одредби. Имено, друг полициски службеник со радар измерил брзина на движење на две возила од 154 км/ч и 151 км/ч на место каде што дозволената брзина е 100 км/ч, по што го известил пријавениот за да ги запре возилата. Откако ги стопирал возилата и ги идентификувал возачите, на едниот возач му издал писмено предупредување за сторен сообраќаен прекршок, а на другиот возач му издал прекршочен платен налог со записник за сторен сообраќаен прекршок со износ на глоба од 45 евра, наместо и во двата случаи на возачите на возилата да им издаде прекршочни платни налози со записници за сторен сообраќаен прекршок со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност согласно одредба од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Со неизвршување на својата службена должност, К.С. им овозможил на сторителите на прекршоците да не бидат соодветно санкционирани и им овозможил корист, односно поповолна правна положба со избегнување на санкционирање.
- Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
- ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
- Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
- Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
- Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини
- Трагедија ја потресе Македонија: 38-годишник почина од струен удар
- Ѓорѓиевски: Да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките
- Клековски се сретна со новиот турски амбасадор Акташ: Се подготвува Меморандум за соработка во здравството

