Жена од Скопје пријавила дека била физички нападната и добивала закани од поранешниот партнер во централното градско подрачје.
Според пријавата, инцидентот се случил на 19 октомври, а жената го пријавила случајот во СВР Скопје околу 21:30 часот. Таа навела дека поранешниот партнер, Е.С., ѝ ги одзел мобилниот телефон и паричникот. Кога се обидела да си ги врати работите, тој физички ја нападнал и ѝ упатувал закани.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

