Делови од скопските општини Чаир, Сопиште, Аеродром, Кисела Вода и Бутел утре (среда, 21 октомври) ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани технички зафати и реконструкции на дистрибутивната мрежа, соопштија од електродистрибуција.
Во општина Чаир, во периодот од 08:00 до 11:30 часот, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците од дел од улица „Славеј Планина“, дел од улица „Прохор Пчински“ и дел од улица „Јоаким Крчовски“.
Во општина Сопиште, без електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците во Ракотинци и месноста Горно Соње, од црквата „Св. Никола“ нагоре.
Поради реконструкција на нисконапонската мрежа во општина Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот без напојување ќе бидат корисниците на улиците „Ѓорѓи Капчев 31“, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“.
Во Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот струја ќе немаат објектите на фирмата „СТХ ДОО Скопје“ во кругот на Стаклара, како и дел од околните објекти.
Во општина Бутел, односно во населбата Радишани, во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат потрошувачите од дел од улица „Боро Кралевски“.

