Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали

    18.10.2026 во 15:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу богатите и сиромашните
    • „Безбеден град“ ги улови: Жена дивеела со „мерцедес“, маж со „ауди“ возел 175 км/ч
    • Авион на „Аустриан ерлајнс“ на лет од Тел Авив принудно слетал во Софија поради закана
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС со помалку гласови од лани, Радичевски ја зголеми поддршката
    • Малолетници пиеле алкохол и биле затекнати по полноќ – МВР тресеше локали и казина
    • Турција: Бројот на загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се искачи на шест
    • Градоначалникот на Гази Баба со честитка: Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ ја имаат поддршката од народот
    • Макрон ја одби оставката на министерот за внатрешни работи по хаосот во Франција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу богатите и сиромашните

    Андоновски: Постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу богатите и сиромашните

    19.10.2026 во 10:042 Mins Read
    Министерство за дигитална трансформација
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, повика на обезбедување бесплатен пристап до основните алатки за вештачка интелигенција, особено во образованието, развојот на вештините и користењето јавни услуги. Ова го истакна на Министерскиот состанок во рамки на Глобалниот самит за вештачка интелигенција во Сеул, каде што ја предводи македонската делегација.

    Како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, Андоновски предупредил дека нееднаквиот пристап до новите технологии може дополнително да го зголеми јазот меѓу развиените земји и економиите во развој, но и меѓу граѓаните со различни приходи.

    „Земјите што имаат средства да вложуваат во напредни алатки, пресметковни капацитети и вештини можат забрзано да напредуваат, додека економиите во развој дополнително да заостануваат. Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите“, истакнал министерот.

    Според Андоновски, достапноста на вештачката интелигенција треба да биде развоен приоритет, а како можни решенија ги посочил заедничкото користење на пресметковните ресурси, регионалниот пристап до технологијата и националните програми за развој.

    На самитот тој се осврнал и на „Везилка“, македонската антена поврзана со европските фабрики за вештачка интелигенција. Преку оваа иницијатива, компаниите и јавните институции добиваат пристап до европски суперкомпјутерски ресурси и поддршка за развој на практични решенија. Предвиден е и развој на јазични модели и податочни збирки на македонски јазик.

    Андоновски зборувал и за суверенитетот на податоците, нагласувајќи дека тој подразбира можност државата да развива сопствени дигитални решенија, да ги заштитува информациите на граѓаните и истовремено да соработува со меѓународните партнери.

    „Можноста да се користат придобивките од вештачката интелигенција не смее да зависи од богатството на една држава или од приходите на едно семејство“, истакнал министерот.

    Во рамки на посетата на Сеул, Андоновски ќе оствари и билатерални средби со заменик-претседател на Светската банка, претставници на Република Кореја и други министри. На средбите се очекува да се разговара за продлабочување на соработката во областа на дигиталната трансформација и вештачката интелигенција.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    „Безбеден град“ ги улови: Жена дивеела со „мерцедес“, маж со „ауди“ возел 175 км/ч

    19.10.2026 во 10:00

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС со помалку гласови од лани, Радичевски ја зголеми поддршката

    19.10.2026 во 09:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.