Недоразбирање во угостителски објект во скопската општина Центар завршило со физичка пресметка меѓу две млади жени на возраст од 20 и 25 години, двете од Скопје.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 18 октомври, во 1:30 часот по полноќ. Според пријавата, по претходно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе следува соодветен поднесок.

