Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, покажуваат обработените податоци од сите 24 избирачки места.
Според објавените резултати, Радичевски освоил 2.943 гласови, односно 38,90 отсто од вкупниот број гласачи кои го оствариле своето право на глас.
Втор по бројот на освоени гласови е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 2.152 гласа (28,45%), а по него следува Јакуп Хусеини од Коалицијата ВЛЕН со 1.528 гласа (20,20%).
Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, Јовица Радески, освои 706 гласови (9,33%).
Кандидатите од групи избирачи, Душан Богдановски и Арифе Идризи, освоија 55 гласови (0,73%) односно 21 глас (0,28%).
Од вкупно 16.256 запишани избирачи, на овие избори гласале 7.565 граѓани, при што се обработени сите 16.247 избирачи на 24-те избирачки места.

